Контакт:

076302073 | 078243325

Емаил:

dom.olimpija@gmail.com

Медицинска нега и физикална терапија

За Олимпија здравјето на старите лица е приоритет. Затоа се трудиме да водиме постојана грижа за главните медицински индикатори кои посочуваат кон одреден здравствен проблем на нашите корисници. Постојано и секојдневно мерење на крвен притисок, проверка на висината на шеќерот во крвта се наша секојдневна рутина. Исто така, домот на стари лица има и редовно вработен доктор по општа медицина, како и соработка со специјалисти секогаш кога тоа ќе биде потребно.Установата располага со стручен физиотерапевт, кој работи со секој корисник посебно. Во овој домен нудиме услуги како пост-оперативен третман, раздвижување на корисниците, групни и индивидуални вежби и масажи. Во договор со доктор физијатар, кај секој корисник се спроведува индивидуална програма за физикална терапија и рехабилитација.

Dom Olimpija
Medicinska nega