Приватната установа за сместување на стари лица ,,Олимпија“ е со капацитет од 29 комфорни двокреветни соби опремени според највисоките стандарди за безбедност и удобност. Установата располага и со 4 дневни соби и трпезарии, каде лицата од трето доба го поминуваат заедничкото време во придружба на персоналот и ги изведуваат најголемиот дел од планираните активности. Комплекот е комфорен и е распространет на 1450м2. Дел од овие активности се изведуваат и на терасата или во дворот на установата, каде се релаксираат во градината покрај фонтаната.