dom.olimpija@gmail.com 076 302 073
078 243 325

Предизвици на лицата во трето доба

aktivnosti za stari lica

Лицата од трето доба (возраст над 65 години) се соочуваат со низа на животни промени во периодот во кој се наоѓаат. Самите развојни фази носат промени и потреба за адаптација на личноста во текот на животот. Според теоријата на Ериксон, третото доба е последна развојна фаза од животниот циклус на луѓето, во која лицето од трето доба прави евалуација и осврт на својот живот. Оние кои биле неуспешни во својот живот во последната развојна фаза ќе бидат исполнети со чувства на очај и беспомошност и чувство дека сега веќе е премногу доцна за да променат нешто во минатото. Додека пак оние лица кои се чувствувале успешни во текот на животот, во последната развојна фаза од нивниот живот ќе чувствуваат задоволство и интегритет, и ќе продолжат да ја развиваат својата мудрост и ќе се посветат на она што им е важно.

Лицата од трето доба се соочени со намалена отпорност на организмот кон животни промени, се чувствуваат отфрлени од околината затоа што честопати не се работоспособни. Отфрленоста од околината дополнително им ја отежнува адаптацијата и отпорноста кон промените кои се случуваат кај лицето од трето доба. Блиските роднини и семејството немаат доволно време за нив, а честопати се нерешителни во комуникацијата со други лица од трето доба. Нивната несигурност е зголемена а нивната самодоверба е намалена. Честопати се чувствуваат беспомошно и безнадежно. Влошувањето на нивната здравствена состојба, дополнително ја намалува можноста за прифаќање на состојбата во која се наоѓаат.

Како најчести тешкотии со кои се соочуваат лицата од трето доба се здравствени промени, психолошки и когнитивни промени, физички и социјални тешкотии.

  1. Првата категорија се здравствените промени со кои се соочуваат лицата од трето доба. Тука спаѓаат:
    • Појава на срцеви заболување
    • Покачен шеќер и холестерол
    • Мозочни удари
    • Дијабет
    • Појава на деменција и други невролошки нарушувања
    • Ослабнат вид и слух
  2. Втората категорија се психолошките и когнитивни промени. Тука спаѓаат:
    • Појава на депресија
    • Појава на чувство на осаменост
    • Појава на чувство на беспомошност и безвредност
    • Појава на вознемиреност
    • Тешкотии со помнењето
    • Променливо расположение и раздразливост
    • Претерано размислување за минатото и иднината
    • Намалена способност за адаптирање на нова ситуација
    • Појава на страв од иднина
    • Тешкотија во прифаќањето на моменталната состојба во која се наоѓа
    • Тешкотија со соочување со смрт на блиски роднини и пријатели
    • Појава на чувство на себичност
  3. Третата категорија се физички тешкотии. Тука спаѓаат:
    • Болки во мускулите
    • Тешкотии во движењето
    • Тешкотии при одржувањето на лична хигиена
    • Тешкотии при правење лесни вежби и движења
    • Појава на болки во зглобовите
    • Тешкотија при извршување на секојдневните обврски
  4. Во четвртата категорија се социјалните тешкотии, во кои спаѓаат:
    • Изолираност
    • Неможност за запознавање нови пријатели
    • Губење работни обврски во текот на денот
    • Појава на чувство дека на другиот му пречам
    • Намалена способност за остварување комуникација
    • Појава на неразбраност од околината
    • Намалена способност за вербална комуникација
    • Страв од напуштање на безбедната средина, како што е нивниот дом

Товарот за соочување со сите овие промени и тешкотии е навистина голем, особено ако лицето од трето доба претходно имал исполнет социјален живот. Сите овие тешкотии и промени кои се случуваат влијаат врз отпорноста на личноста и врз појавата на депресивни симптоми и чувства на осаменост и беспомошност. Поддршката е многу важна за лицата од трето доба, како од нивното семејство така и од стручни лица. Потребна им е поддршка за да го надминат тешкиот период во кој се наоѓаат, но и да најдат начини за справување со тешкотиите со кои се соочени и при тоа зајакнување на нивната отпорност.

На лицата од трето доба им е потребна 24 часовна грижа и нега, што може да им биде овозможена во установа како што е дом за стари лица. Во Олимпија грижата на лицата од трето доба е овозможена од стручен тим, каде што несебично им се пружа поддршка при извршување на секојдневните потреби. Акцент се става на личноста на лицето од трето доба, каде што при работа со социјален работник и психолог им се помага нивното ментално здравје. Во Олимпија се грижиме и за нивното физичко здравје, каде што лицата од трето доба имаат можност да прават вежби со физиотерапевт и кратки прошетки во околината. Комуникацијата со лица кои се соочуваат со слични тешкотии како нивните може да ја поттикне нивната емпатија и сочувство, а воедно и претставува можност емоционално да се поврзат со личност која има слични карактерни особини.

Емпатичност, нежност, прифатеност се чувства кои се поттикнати во домот за стари лица Олимпија. На секој корисник му се дава значење и љубов. Убавиот, топол збор, во комбинација со насмевка е еден од најдобрите нефармаколошки лекови.

Автор:
Фросина Илијевска
психолог, психотерапевт во ПУСЗ Олимпија