dom.olimpija@gmail.com 076 302 073
078 243 325

Приватна установа за сместување на стари лица ,,Олимпија“ се стреми да обезбеди мирен и безбеден живот на старите лица. Нашиот квалитет е тимска работа, почитување, одговорност и грижа за старите лица. Наша мисија е да пружиме соодветна нега на секој корисник, со ставање акцент на грижата за физичкото и психичкото здравје на корисниците. Се залагаме секој корисник да се чувствува како дома. Сите корисници еднакво се третирани и се прифатени. Располагаме со стручен тим кој со голема посветеност се грижи за Нашите корисници.

Се стремиме трето доба на корисниците да им ја направиме вредна за живеење. Преку комуникација со корисниците ја интегрираме нивната мудрост и нашата стручност за заедно да живееме во сегашноста.

Dom za stari lica

Приватна установа за сместување на лица од трето доба располага со двокреветни и еднокреветни соби (апартмани) опремени со ТВ приемник, гардеробер, уредно декорирани во светли бои. Собите се правени според највисоки стандарди така да има доволно простор за личните работи на корисникот.Располагаме со стручен тим, кој секојдневно 24 часа, се грижи за корисниците. За здравјето и негата на корисниците се грижат медицински сестри, негователи, физиотерапевт и доктор. Освен за физичкото здравје, во нашата установа за сместување на стари лица ,,Олимпија“ акцент ставаме и на психичкото здравје и социјалниот живот на корисниците преку организирани групни активности, разговор на корисниците со стручно лице, прошетки, правење вежби, правење рачни изработки, музичка терапија.

Нашата установа поседува дневен престој, кој е организиран во голем салон во склоп на кој се трпезарија и чајна кујна, во кој корисниците го поминуваат слободното време. Комплетно сме опремени со медицинска опрема и помагала во согласност со потребите на корисниците.

Dom Olimpija - starecki dom