Услуги
Наша мисија е да пружиме соодветна нега на секој корисник, со ставање акцент на грижата за физичкото и психичкото здравје на корисниците.
Сместувачки капацитет
Приватната установа за сместување на стари лица ,,Олимпија“ е со капацитет од 29 комфорни двокреветни соби опремени според највисоките стандарди за безбедност и удобност. Установата располага и со 4 дневни соби и трпезарии, каде лицата од трето доба го поминуваат заедничкото време во придружба на персоналот и ги изведуваат најголемиот дел од планираните активности. Комплекот е комфорен и е распространет на 1450м2. Дел од овие активности се изведуваат и на терасата или во дворот на установата, каде се релаксираат во градината покрај фонтаната.
Транспорт
Задача на нашиот тим е да ги бележи сите прегледи на нашите корисници кои треба да се направат надвор од Нашата установа, како и да им обезбеди соодветен транспорт. За таа цел располагаме со амбулантско возило, специјализирано за потребите на нашите корисници.
Стручен персонал
Нашиот персонал е достапен 24 часа за нашите корисници, Тие се посветени и се однесуваат со голема грижа кон старите лица. Членовите на персоналот се внимателно одбрани и се стручни во својата област. Нашиот тим се состои од:
- Медицински техничари
- Физиотерапевт
- Негователи
- Социјален работник
- Психолог
- Доктор
- Готвачи
- Возач ( како и специјализирано медицинско возило)
- Хигиеничарки
- Техничка подршка
Медицинска нега и физикална терапија
За Олимпија здравјето на старите лица е приоритет. Затоа се трудиме да водиме постојана грижа за главните медицински индикатори кои посочуваат кон одреден здравствен проблем на нашите корисници. Постојано и секојдневно мерење на крвен притисок, проверка на висината на шеќерот во крвта се наша секојдневна рутина. Исто така, домот на стари лица има и редовно вработен доктор по општа медицина, како и соработка со специјалисти секогаш кога тоа ќе биде потребно.Установата располага со стручен физиотерапевт, кој работи со секој корисник посебно. Во овој домен нудиме услуги како пост-оперативен третман, раздвижување на корисниците, групни и индивидуални вежби и масажи. Во договор со доктор физијатар, кај секој корисник се спроведува индивидуална програма за физикална терапија и рехабилитација.
Активности
Нашиот дом за стари лица подготвува месечен план на активности кои се спроведуваат секојдневно, како што се социјални собири, фитнес часови, музичка терапија, прошетки, и уште многу други активности. Активностите ги организираме со цел да им помогнат на корисниците да ги оддржуваат тековните вештини и да ги подобрат когнитивните функции.
Безбедност
Нашата установа е целосно посветена и на безбедноста на старите лица. СОС повикувачкиот систем, безбедносните врати, како и поставениот видео надзор овозможуваат безбедна средина која не дозволува несакано талкање на корисниците или нивно губење. Исто така, установата располага и со надворешен обезбеден двор, така што старите лица можат да шетаат во природа без да се загубат.