dom.olimpija@gmail.com 076 302 073
078 243 325

Социјални активности во дом за стари лица

aktivnosti za stari lica

Лицата од трето доба се лица на кои им е потребна комуникација со останати луѓе на нивна возраст. Преку комуникација тие ги вежбаат своите лингвистички и комуникациски способности, но во исто време ја оддржуваат и својата когниција.

Ние во нашата установа, организираме групни и индивидуални активности за нашите корисници. Овие активности се организирани од страна на стручно лице, психолог и социјален работник, со помош на негователите и физиотерапевт. Овие активности им се многу значајни на Нашите корисници, затоа што преку нив се дружат и даваат свој придонес во работата на нашата установа.

Вид на активности што ги организираме во Нашата установа се следниве:

  1. Споделување на животни приказни – секој човек има посебна приказна што сака да ја раскаже. Животот е богат со подеми и падови. Кога се споделуваат животните приказни тие остануваат запаметени. Воедно поединецот што ја раскажува приказната, се потсетува на тоа што го доживеал и при тоа се поврзува со останатите луѓе. Секоја животна приказна е вредна да се слушне и да се сподели со останатите личности. Со споделувањето се стекнува доверба во останатите личности и се развива добра комуникација помеѓу нив.
  2. Поминување време во дворот – секоја личност сака да поминува време надвор , во дворот. Во нашата установа се организираат активности како на пример садење цвеќиња, играње, подавање со топка, пикадо, куглање и сл, со цел да лицата од трето доба поминуваат повеќе време во дворот на нашата установа.
  3. Читање книги и весници – Како дел од групна или индивидуална активност е читање книги и весници. Нашите корисници ги собираме во дневната просторија и им се чита книга или пак се разгледува и чита актуелниот тековен весник. Се споделуваат искуства околу некоја книга, текст или статија. Со оваа активност се оддржува когницијата кај лицата од трето доба.
  4. Цртање и боење – Оваа активност има за цел смирување и вежбање на моториката кај лицата од трето доба. Фокусираноста на цртањето и боењето им помага на овие лица да вежбааат концентрација и насочено внимание, но и воедно има и смирувачки ефекти врз нив. Своето внимание го насочуваат кон боењето или цртањето и се друго оставаат во позадина.
  5. Изработки од материјали или хартија – оваа активност има за цел корисниците да се дружат и да си помагаат меѓусебно. Организираме работилници според годишното време или според некој настан или празник. Сецкањето на хартија и користењето на лепило им помагаат на луѓето од трето доба да направат свое дело, своја творба и да придонесат во функционирањето на установата.
  6. Музико терапија – тивката класична музика им помага на лицата од трето доба да бидат смирени и спокојни. Понекогаш се пушта и забавна музика со цел разигрување и раздвижување на овие лица.
  7. Грижа за себе, разубавување – Им помагаме на лицата од трето доба во грижата за себе. Имаме организирано шишање, фенирање, средување нокти на овие лица. Оваа активност има за цел овие лица да се чувстуваат добро и да ја оддржуваат грижата за себе.
  8. Групни вежби – Со помош на физиотерапевт, се организираат групни вежби, како на пример растегнување, пешачење, раздвижување и други лесни физички вежби. Оваа активност им помага на овие лица да останат во добра физичка кондиција, да се грижат за своето здравје и полесно да се рехабилитираат.
  9. Подготвување храна – Лицата од трето доба сакаат сами да си ги подготвуваат своите оброци. За таа цел има организирана активност на подготвување на храна од страна на нашите корисници, како на пример правење кифли, пити, ѓевречиња и сл. Оваа активност им помага на овие лица да се чувствуваат пријатно во нашата установа, да се дружат и да придонесат во подготовката на храна.
  10. Вежбање на когниција – со оваа активност се поттикнува мислењето, поврзувањето, и расудувањето на лицата од трето доба. За таа цел се организираат активности како на пример редење сложувалки, домино, играње карти, решавање крстозбор, играње брза географија, играње меморија, поврзување на поими, составување поговорки и уште многу други слични активности.
  11. Роденденска забава – За секој роденден што го имаме во нашата установа, собираат корисниците и персоналот и организираме кратка забава, со музика, торта и балони.
  12. Индивидуални и групни разговори – овие разговори најчесто се наменети за потсетување на некој значаен настан или некој празник кој ни престои. Оваа активност е наменета со цел овие лица да се потсетуваат на значајните настани и да не заборават традиции и обичаи на празнување на значаен празник.

Ова се само дел од активностите што се реализираат во нашата установа за социјална заштита на стари лица. Сите овие активности имаат за цел да ги поврзат овие лица, да си разменуваат искуства и комуницираат помеѓу себе. Исто така овие активности помагаат да се оддржуваат мисловните процеси и когницијата кај лицата од трето доба.

Здравјето и грижата за секоја личност е приоритет на нашата установа. Социјалните активности се организираат со цел да секое лице се чувствува дека е значајно и дека остава свој белег и печат во дружењето и комуницирањето со останатите лица.